Преговорите со ЕУ за Брегзит ќе се интензивираат

74
ФОТО: EPA / NEIL HALL / POOL

Преговорите со ЕУ за Брегзит ќе се интензивираат со цел постигнување нов договор за „развод“ пред планираното излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, објави денеска Лондон.

Ова го објавија од Кабинетот на Борис Џонсон, откако британскиот премиер се состана со претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Лидерите се согласија дека разговорите треба да се интензивираат и состаноците ќе се одржуваат секој ден, се вели во соопштението на портпаролот на британскиот премиер.

Покрај Јункер и Џонсон, во разговорите ќе бидат вклучени и главните преговарачи за ЕУ, Мишел Барние и британскиот секретар за Брегзит, Стив Баркли.

Портпаролот на ЕК, Мина Андреева, по состанокот помеѓу Џонсон и Јункер во Луксембург, објави дека тој бил пријателски, додавајќи дека „преговорите ќе продолжат со забрзано темпо“.

Според Кабинетот на Џонсон, британскиот премиер нема намера да побара одлагање на Брегзит по 31 октомври.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...