Холивудскиот актер Ричард Гир (68) по третпат ќе застане пред олтар, а неговата избраничка е 34 години помлада Алехандра Силва од Шпанија.
Актерот, кој ги воодушевуваше жените во романтични филмови како „Офицер и џентлмен“ и „Убава жена“, веќе два пати беше во брак – со Синди Крафорд од 1991 до 1995 година, па со Кери Ловер од 2002 до 2016 година.
Алехандра Силва (35) и Ричард Гир се во врска речиси три години и двајцата имаат по еден син од претходните бракови. Се запознале за време на бракоразводната парница со поранешните партнери и двајцата се активисти за човекови права. Гир изјавил дека со Алехандра го споила кармата.
Шпански АБЦ посочува дека венчавката ќе се одржи во Вашингтон на 5 мај 2018 година и тоа ќе биде интимна забава, без помпа и гламур.