Жеивејте го сонот и не се срамете да сонувате, зашто само така ќе можете да се остварите како претприемач, им порача денеска на младите вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на отворањето на Балканскиот претприемачки самит кој се одржува во Скопје.
– Она што ѝ недостасува во земјата е тоа што младите сакаат да работат во администрација. Но тие треба да бидат претприемачи за да можат да ја создадат својата иднина – рече Анѓушев.
Тој, како што рече, од лично искуство може да каже дека секој претптиемач треба да живее со својот сон.
– Книгите само помагаат да се осознаат работите, но во нив нема за тоа како се создава инстинкт и како се носат одлуки. Одлуката е во срцето на претприемачот и во неговиот инстинкт- рече Анѓушев.
Премиерот Зоран Заев во своето обраќање на Самитот рече дека Владата изминатите две години издвоила висока сума на пари за развој на претприемништвото, а тоа ќе го прави и во наредниот период.
– Ги охрабруваме младите претпремачи да ги развиваат своите бизниси во земјава. За тоа издвоивме доволно пари изминативе години, а ќе има и годинава – рече Заев.
Тој рече дека главен предизвик во наредниот период ќе биде да се обезбеди работна рака,но сепак на младите им порача да го негуваат претприемачкиот дух.
– За тоа не треба многу само да ги следите сите предизвиците на модерното живеење, таму се кријат идеите за идните продукти. За успешен претприемач е потребно да ги имате храброста и страста – рече Заев.
Она што недостасува за развојот на претпемништвото во земјава според Аријана Коскарова, добитничка на признанието „Форбс 30 под 30“ и основач и извршен директор на „Creative Hub“ се условите.
– Треба да најдеме решение како да создадеме условите за развој на претпиемништвото, како да ги мотивираме работниците да останат. Ние сме исти како претприемачите во Берлин, Лондон Њу Јорк, но немаме исти услови за работа како нив – рече Коскарова.
Од Стопанската комора, пак, рекоа дека треба да сите да се насочат кон политики за создавање претприемачка еко средина преку претприемачкото образование, трансфер на знаење, истражување на пазарот со што ќе се придонесе за развој на претприемништвото.
– Претприемачкото образование не е само насока сите граѓани да отвораат бизниси туку да ги натера младите луѓе да размислуваат позитивно да им се даде можност да ги развиваат своите идеи да стекнат самодоверба и да ги изкористат талентие за изградба на општеството од економска и социјална гледна точка – нагласи Билјана Пеева Ѓуриќ од Комората.
На претприемачкиот самит, присуствуваат 250 гости и 30 успешни претприемачи кои во својство на панелисти ќе ги претстават своите идеи пред присутните учесници ќе се обратат говорници од Франција, Грција, Индија, Бугарија, Турција, Албанија и од земјава.