Наградата „Антево перо“ за Александра Димитрова

74

Наградата „Антево перо“ за 2019 година ѝ е доделена на поетесата Александра Димитрова, за поетскиот ракопис „Дупка.

Годинава, покрај наградата „Антево перо“, која подразбира печатење на наградениот поетски ракопис, оценувачката комисија, имајќи ја предвид извонредно квалитетната поетска продукција, реши да додели и две придружни награди „Антев златник“: станува збор за златник со ликот на поетот Анте Поповски, кој ќе им биде врачен на Михајло Свидерски, за поетскиот ракопис „Граници“ и на Сузана В. Спасовска, за поетскиот ракопис „Јазикот на светлината“.

Од оваа година, оценувачката комисија ја востановува и наградата „Антев часовник“, за млади поети до 25 години, со цел дополнително да се стимулира творештвото на најмладите наши таленти. Симболиката на наградата е јасна: името на Поповски сведочи дека добитникот на наградата е Антев следбеник, а часовникот симболизира дека времето на младиот поет допрва доаѓа. Годинава, наградата „Антев часовник“ ѝ се доделува на младата поетеса Емануела Ковачевска за поетскиот наслов „Кожена душа“. И добитникот на оваа награда е рамноправен ексклузивен учесник на Манифестацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...