Отворање на изложбата „… по која цена” на Пол Гунон

52

Галеријата Акантус, денес во 19 часот ќе ја отвори изложбата „…по која цена?”  на францускиот уметник Пол Гунон.

Пол Гунон престојуваше во Скопје месец и половина градејќи го својот проект – изложба „… по која цена”, посветувајќи сe комплетно, теоретски и практично во истражување на развојот и потребата на градот да еволуира во неговиот изглед низ историјата.

Како што вели кураторот на изложбата, Дијана Томиќ Радевска,  градењето на личниот став, неговата уметничка визија за градот кој е појдовен интерес за оваа изложба е поврзан со неговиот интерес за историјата, културата и еволуцијата на градот се до денешен ден, вклучувајќи го и контроверзниот проект „Скопје 2014“. Низ духовит пристап Пол артефактите ги соголува, ги вади од контекст или пак наново ги создава. Користи соодветни современи архитектонски материјали, гради, моделира, излива во бетон. Сето тоа бара од уметникот дисциплина, физичка снага, ангажираност, точност.

Изложбата ќе биде отворена до 28 септември, а е поддржана во рамките на европскиот проект за култура  i-portunus.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...