Eксплозија на пат во Турција, загинаа четворица, 13 се повредени

128

Најмалку четири лица загинаа, а 13 се тешко повредени кога во југоисточна Турција експлодирала импровизирана експлозивна направа на пат кога покрај неа поминало возило со локални жители.

Канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир соопшти дека „се верува оти експлозивот го поставиле припадници на Курдската работничка партија“.

Експлозијата се случила во областа Кулп во Дијарбакир.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...