Лозароовоштари го блокираа патот Градско – Прилеп кај Росоман

363

Лозароовоштари од Тиквешко попладнево го блокираа патот Градско-Прилеп кај Росоман, незадоволни од цените за килограм грозје и праски.

– Работата на земјоделецот е неисплатлива бидејќи никој не ги зема во предвид деновите поминати на работа во нива, при формирање на цени на земјоделски производи.  Земјоделецот работи и заработува колку да го прехрани семејството. Но и тоа веќе не е можно, бидејќи повеќе се троши на производство, отколку што се заработува од продажбата на земјоделските производи,  изјави Трајче Душковски од росоманско Трстеник, производител на грозје и праски.

Блокадата ќе трае еден час, најавија организаторите – новоформираното регионално здружение „Тиквешки лозароовоштари“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...