Ангеловска и Мантованели на првата средба разговараа за тековните и идните проекти

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, беше разговарано за тековните и идните проекти како и за аналитичките и советодавните услуги што ги обезбедува банката.

338

Имаме поинтензивен раст на инвестициите во уделот на БДП, континуиран силен раст на извозот, засилено кредитирање на приватниот сектор и пад на невработеноста на 17,5 проценти. Сето ова претставува реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5 проценти, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на првата официјална средба со директорот на Канцеларијата на Светска банка, Марко Мантованели.

На состанокот, како што соопшти Министерството за финансии, беше разговарано за тековните и идните проекти како и за аналитичките и советодавните услуги што ги обезбедува банката.

Разговарано е и за Стратегијата со која во наредниот четиригодишен период е предвидено земјава да реализира проекти вредни вкупно 420 милиони долари.

– Ресорните министерства заедно со Светска банка веќе работат на проекти во рамки на четиригодишната Стратегија за партнерство – рече Ангеловска.

Стратегијата е насочена кон подобрување на конкурентноста на приватниот сектор преку инвестиции во инфраструктурата, кон развој на човечкиот потенцијал преку инвестиции во образованието, како и кон зајакнување на управувањето со јавните финансии и поголема одржливост на енергетските извори.

Светска банка од 1993 година има инвестирано над две милијарди долари во проекти кои го поддржуваат економскиот раст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...