Џек Ма, милијардерот кој ја воведе е-трговијата во Кина чиј бизнис има светски рамки, се повлече од лидерската позиција во „Алибаба“. Тој на оваа позиција беше две децении во кои направи бизнис вреден 460 милијарди долари.
Сега, како што најави, главна преокупација ќе му биде филантропијата.
На челната позиција во „Алибаба“ од вчера е досегашниот извршен директор Даниел Чанг.
Во завршниот говор што Ма го одржа вчера рече дека потребни се промени и тие веќе ги прави во „Алибаба“. Целта на „Новата визија“ како што рече е, со мудро лидерство, „Алибаба“ да потрае уште 102 години.
– Во 21. век, без оглед на тоа кој сте или каква е вашата организација, не треба да се занимавате со големина и моќ. Треба да бидете добри. Љубезноста е најголема моќ – изјави Ма.
Според него, за компанијата да опстане во современиот свет, мора да биде дигитално силна. Во согласност со тоа, „Алибаба“ има шест нови вредности, што би требало да ја засилат нивната култура за дигиталното доба:
- Купувачите се на прво место, вработените на второ, акционерите на трето
- Довербата прави работите да бидат поедноставн
- Промената е единствената константа
- Досегашниот најдобар резултат е утрешната основна вредност
- Ако не сега – кога? Ако не јас – кој?
- Живејте сериозно, работете среќни
Целта на „Новата визија“ е и олеснување на работата, каде и да сте.
Во јавноста Џек Ма е познат и како човек изјави дека „луѓето треба да работат три дена во неделата, четири часа дневно“.
-Луѓето би можеле да работат само три дена во неделата, четири часа дневно со помош на напредокот на технологијата и реформите во образовните системи – изјави на Ма на глобалната конфернција за вештачка интелигенција одржана во Шангај.
Во друга прилика тој рече дека „машините имаат чип, но луѓето имаат срце“.
– Во бизнисот, никогаш не би требало да се грижите за конкуренција, никогаш не грижете се поради притисок. Ако се грижите за притисок, немојте да бидете бизнисмен. Денес е голема работа сите да се грижат за се – изјави Ма.