Дете настрада во сообраќајка, ѓорчепетровци на протест

3317

Граѓани од населбата Ѓорче Петров се собраа на протест кај училиштето „Мирче Ацев“ откако десетгодишно дете вечерва настрада во сообраќајна незгода на улицата Борис Сарафов.

Детето е пренесено во Ургентниот центар, но не се знае каква е неговата здравствена состојба.

Според првичните информации, во детето удрило возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки.

Блокадата, како што информира МВР, е и во знак на револт поради брзото возење по улиците, односно непочитувањето на сообраќајните знаци.

Пред помалку од еден месец друго десетгодишно дете беше прегазено на истата улица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...