Ал Завахри ги повика муслиманите да нападнат цели на Запад

290
Лидерот на терористичката мрежа Ал Каида Ајман ал Завахри ги повика муслиманите да нападнат цели во САД, Европа, Израел и Русија, во говор по повод 18 години од терористичките напади во САД на 11 септември.

Во видео снимка што ја објави милитантна група, Ал Завахри (68) ги критикуваше и „повратниците“ од џихад, обраќајќи им се на оние кои во затвор го смениле ставот за нападите на 11 септември и сега го сметаат за неприфатлив поради цивилните жртви.

– Ако сакате џихадот да се фокусира само на воени цели, американската армија е присутна во целиот свет, од исток до запад. Вашите држави се полни со американски бази, и со сите тие неверници и корупцијата што ја шират – вели Ал Завахри на снимката.

Ал Завахри е Египќанец кој стана лидер на Ал Каида после убиството на Осама бин Ладен во 2011 година. Се претпоставува дека се крие некаде во пограничниот регион меѓу Авганистан и Пакистан, а според извештај на ОН тој е во лоша здравствена состојба, но не се наведуваат други детали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...