Најмалку 31 загинат во стампедото во Ирак

54

Најмалку 31 лице загина во стампедото што се создаде за време на одбележување на верски празник во Карбала во Ирак, поради што локалните власти денеска прогласија тридневна жалост.

Стампедото, во кое се повредени повеќе од 100 верници, се создало кога вчера се урнал дел од пешачки мост додека десетина илјади луѓе го славеле Денот на Ашура, еден од најсветите верски денови за шиитите.

Десетици илјади муслимани шиити секоја година на овој празник се поклонуваат во светиот град Карбала, каде се одбележува годишнината од смртта на имамот Хусеин, еден од внуците на пророкот Мухамед.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...