Москва ќе го прошири списокот на американски службеници на кои им е забрането да влезат во Русија поради најновите санкции од Вашингтон против двајца членови на рускиот Истражен комитет. Тоа го изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.
– Сигурно ќе ја прошириме црната листа на граѓани на САД на кои им е забранет влез. Отворено зборуваме за тоа – рече Рjабков.
Според него, кога САД ќе ја сменат својата политика за составување на списокот, Русија ќе го стори истото, а врз основа на принципот на реципроцитет.