Арапска лига: Иранската интервенција во арапскиот регион е „опасна“

148
FOTO Printskrin

Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит денеска предупреди дека иранската интервенција во арапскиот регион станала „опасна“.

– Интервенциите на Иран во арапските работи почнаа да добиваат поопасни форми – од поттикнување на кризи во земјите до загрозување на безбедноста на навигацијата и снабдувањето со енергија, рече Абул Геит на состанокот на арапските министри за надворешни работи во Каиро.

Иран ги поддржува бунтовниците Хути во Јемен во нивниот судир со меѓународно признатата Влада на претседателот Абд Рабу Мансур Хади. Од 2014 година, Хутите го контролираат јеменскиот главен град Сана, каде седиште имаат неколку клучни државни институции.

– Го повторуваме нашиот повик до Иран да престане да интервенира во Јемен, да престане да поддржува милиции со пари и оружје и да престане да ги претвора јеменските територии во платформа која им се заканува на безбедноста и стабилноста на соседните земји, рече Абул Гаит.

Шефот на пан-арапската организација ги обвини бунтовниците  Хути и дека се одговорни за влошената хуманитарна состојба во Јемен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...