Во просториите на манастирот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ се одржа промоција на книгата за деца „Венец на светоста“ од рускиот автор д-р Дмитриј Авдеев.
Книгата содржи десет кратки житија за исто толку светители. Илустрациите се изработени од страна на деца од основните училишта во Струмица, а во целиот проект учествуваа 65 ученици.
Покрај промоцијата на книгата беше организирана и изложба на цртежи што специјално ги изработија децата од училиштата во Струмица, а кои поради ограниченоста на бројот на страници не беа опфатени во книгата.
На сите деца им беа поделени благодарници за активен придонес во детската книга и за учество во изложбата.
Книгата „Венец на светоста“ беше издадена по повод големиот христијански празник Велигден.