Хрватскиот пејач и музичар Тони Цетински е целосно ослободен од обвинението за сообраќајната несреќа на 3. ноември минатата година, во која загина 62- годишен човек, јавуваат медиумите во Хрватска.
Цетински лани во тесна уличка во Ровињ прегази пешак, кој лежел на улицата. Општинскиот суд во Пазин денеска го ослободи од обвинението на Обвинителството од Пула , според кое Цетински со својот автомобил го прегазил човекот кој пијан со 3,46 промили алкохол во крвта лежел на плочникот.
Цетински на него налетал со својот Мерцедес . Во обвинението се наведува дека седел во наведната положба , па затоа не го видел човекот , што во текот на вештачењето беше побиено.
Адвокатот на Цетински се осврна и на неговата претходна прекршочна историја, односно дека имал два прекршока во сообраќајот за неколку години, а Цетински рече дека патувал околу 100.000 километри годишно, што не е толку страшно со оглед на количината на време што го поминува во неговиот автомобил. .
Цетински се изјасни во јавноста и пред судот дека жали што се случила несреќата, но тој не може да влијае на ситуацијата заради нетранспарентност на улицата и фактот дека воопшто не го видел човекот како лежи на патот.
Инаку, скоро сите интервјуирани сведоци потврдија дека улицата каде што се случила несреќата е многу тесна , дека немало знак за ограничување на брзината во моментот на уличната несреќа и дека неодамна бил поставен знак за ограничување на брзината од 20 километри на час.
Судскиот процес за овој случај започна на 22. мај и беше затворен во минатата недела.
„Она што најмногу го паметите е моментот на несреќата и фактот дека не можев да направам ништо за да ја избегнам. Не можев да му помогнам на човекот“, рече Цетински по судењето. „Тоа е она што ќе остане во мојата совест цел живот“, додаде тој.