Претставничката на Бугарија, Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за функцијата генерален директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се наведува во денеска објавеното соопштение на Извршниот совет на Фондот.
– Крајниот рок за поднесување кандидатури за иден генерален директор на ММФ заврши на 6 септември. Единствен кандидат е бугарската државјанка Кристалина Георгиева, која потврди дека е подготвена да биде номинирана за таа должност, се вели во соопштението.
ММФ наведува дека планира до 4 октомври да го заврши процесот за избор на нов раководител на организацијата кој ќе ја замени Кристин Лагард.