Путин ја губи Москва

2746

Руската владејачка партија „Единствена Русија“ поддржана од претседателот Владимир Путин изгуби околу третина од местата во московскиот Парламент и засега не се знае кој ќе ја има властта во главниот град на Русија.

Според првичните резултати, по преброени 99,47 отсто од гласовите, од вкупно 45 места во московската Дума, „Единствена Русија“ освои 28, Комунистичката 14, „Јаблоко“ и „Правична Русија“ по три.

Одзивот на вчерашните избори бил прилично низок и според Централната изборна комисија изнесувал само 21,69 отсто.

Во Русија вчера беа спроведени и локални и регионални избори, па во различни региони гласачите избираа гувернери, законодавни собранија, градски парламенти и градоначалници. Првичните резултати покажуваат јасна победа уште во првиот круг за кандидатите на власта во 16-те региони каде се избираа гувернери. Премиерот Дмитриј Медведев изјави дека партијата „Единствена Русија“ ја сочувала водечката позиција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...