Најмалку едно лице загина, а две се повредени кога моќниот тајфун „Линглинг“ ја погоди денеска Јужна Кореја, соопштија официјалните лица.
Тајфунот го наруши снабдувањето со електрична енергија во 57.000 домаќинства пред да се сврти кон Северна Кореја.
„Линглинг“ ноќеска го погоди островот Чеџу и јужните пристанишни градови, предизвикувајќи прекини на електрична енергија и оштетувајќи згради додека се движеше кон север, соопшти Министерството за внатрешни работи и безбедност на Јужна Кореја.
Поради тајфунот биле откажани 124 летови.
Локалните медиуми информираат дека се очекува бурата да мине покрај Сеул, главниот град на Јужна Кореја и дека околу 18 часот по локално време ќе пристигне во Северна Кореја. Според мапата за следење бури, се очекува центарот на тајфунот да го погоди севернокорејскиот главен град Пјонгјанг.