Домот на лордовите одобри нацрт-закон за блокирање брегзит без договор

197

Горниот дом на британскиот Парламент одобри нацрт-закон за блокирање на напуштањето на Велика Британија на Европската унија без договор во крајот на октомври.

Нормативниот акт бара од премиерот Борис Џонсон да побара продолжување на членството на Лондон во ЕУ за три месеци ако Парламентот не одобри договор или постигне согласност за напуштање без договор до 19 октомври.

Домот на лордовите го одобри нацрт-законот без официјално гласање. Се очекува да биде потпишан в понедленик од кралицата Елизабета и да стане закон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...