Економијата порасна за 3,1 отсто во вториот квартал

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

180

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: „трговија на големо и трговија на мало“; „поправка на моторни возила и мотоцикли“; „транспорт и складирање“; „објекти за сместување и сервисни дејности со храна“ од 7,5 отсто; „земјоделство, шумарство и рибарство“ од 3,9 и „стручни, научни и технички дејности“; „административни и помошни услужни дејности“ од 3,6 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2, а увозот за 10,5 отсто.

Во првото тримесечје од 2019 година растот на БДП изнесуваше  4,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...