Илјадници жени излегоа на улиците на Кејптаун, главниот град на Јужноафриканската Република, поради неможноста на властите да се справат со порастот на насилството врз жените. Според најавите, демонстрантите денеска ќе ја блокираат земјата и ќе ги повикаат надлежните да прогласат вонредна состојба во земјата.
Во Кејптаун, жените облечени во црно и виолетово маршираа кон парламентот во знак на сеќавање на убиените во август, кога во семејно насилство настрадаа најмногу жени од кога и да е во историјата на таа земја, пренесува Гардијан.
Според официјалните податоци, секојдневно во ЈАР се случуваат по 137 сексуални престапи.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.
loading...