Јаху седум часа го отстрануваше големиот дефект

79

Американскиот гигант, интернет пребарувачот Јаху (Yahoo) денеска имаше голем дефект кој траеше седум часа и претежно ги зафати корисниците во Велика Британија, северна и западна Европа, како и делови во Индија и САД.

Телеком операторите во Велика Британија, како што се БТ, Скај (Sky)  и Ток Ток (TalkTalk), кои корисат Јаху, имаа проблеми со електронската пошта на своите корисници.

Дефектот се случи утрово, а отстранет е околу 14.30 часот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...