Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од Македонија

96

Косово ја укина забраната за увоз на мед и компир од земјава, а Северна Македонија го стави Косово повторно на листата земји од кои е дозволен увоз на икра и подмладок од риба, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На прес-конференција во Владата, Бектеши рече дека ќе нема компромис и отстапки кога се работи за стандардите што треба да ги исполнуваат извозниците.

– Пред неколку часа од косовска страна бевме информирани дека е укината бариерата за извоз на мед и компир во оваа земја – информира министерот.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши уште еднаш повтори дека нула е штетата од забраната што беше воведена пред околу еден месец.

Владата, потенцира Бектеши, останува посветена на продлабочување на соработката со Косово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...