Владата ќе субвенционира два денари по килограм грозје, лозарите задоволни

Годинава голем дел од винариите исплаќаат само неколку дена по откупот.

180

Владата ќе субвенционира два денара по килограм грозје, рече Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари” на денешната прес-конференција во Кавадарци.

– Овие мерки не се доволни за обештетување на лозарите, но во услови на немање разбирање од винариите да ги покачат цените за оваа година, тоа е максималната помош од Владата. Ние сме неполитичко и непрофитно здружение – нагласи Кулев.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изрази задоволство од соработката и дополнителната мерка која е значајна за опстанокот на лозарството. Тој се осврна и на натамошните активности на овој план и за соработката со винарските визби за подобро лозаро-винарство. Потсети на исплатените долгови за грозје предадено во претходните години. Рече дека годинава голем дел од винариите исплаќаат само неколку дена по откупот.

Одлуката за субвенција ја поздрави и пратеникот Панчо Минов.

Од пресот беше упатена и покана за присуство на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ што ќе се одржи во петок, сабота и недела.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...