Британските пратеници гласаа против избори на 15 октомври

186
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Британските пратеници го отфрлија предлогот на премиерот Борис Џонсон за предвремени избори на 15 октомври.

Од вкупно 434 пратеници, 298 гласаа „за“ и 56 „против“.

Премиерот претрпе трет голем пораз за помалку од 24 часа, кога пратениците го отфрлија неговиот предлог за распуштање на парламентот и распишување предвремени избори.

Откако стана премиер во јули, Џонсон повеќе пати рече дека не сака предвремени избори, но,  го смени ставот откако вчера изгуби клучна битка околу неговиот план за брегзит без договор бидејќи парламентот усвои предлог-закон за блокирање на излезот од ЕУ без договор.

Тој предлог-закон беше донесен вечерва во Долниот дом.

По гласањето, тој рече дека законот „и дава контрола“ на Европската унија.

Инаку, британските пратеници донесоа нацрт-закон за одлагање на брегзит, Џонсон бара избори

Британските законодавци го поддржаа во трето и последно читање предлог-законот со кој премиерот Борис Џонсон се задолжува да побара од Европската унија одлагање на датумот за брегзит за три месеци – до 31 јануари 2020 година. Тоа може да го принуди премиерот да распише предвремени избори.

Пратениците го усвоија законот со 327 гласови „за“, додека 299 беа „против“.

Пред да влесе во сила, нацрт-законот треба да биде одобрен од Домот на лордовите и тоа може да се случи утревечер.

Според британски медиуми, можно е некои членови на Горниот дом на Парламентот кои се приврзаници на „тврд“ брегзит да го забават процесот на прифаќање на нацрт-законот. Веднаш по усвојувањето, Џонсон побара вонредни избори.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...