Папата Франциск на турнеја низ Африка, климатските промени во фокусот

25
ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Папата Франциск ја почна едноделната турнеја по африканскиот континет во која ќе ги посети Мозамбик, Мадагаскар и Маурициус, трите земји на кои им се закануваат климатски промени, а покрај тоа, исто така, се и тешко погодени од сиромаштијата и судирите.

Заштитата на околината и опасностите од климатските промени се во центарот на агендата на папата, кој во 2015 година објави енциклика на оваа тема.

Првата дестинација на папата е Мапуто, главниот град на Мозамбик. Оваа поранешна португалска колонија годинава беше тешко погодена од циклоните Идаи и Кенет. Околу 28 отсто од населението во оваа земја или околу 30 милиони лица се католици.

Владата на Мозамбик потроши 300.000 евра за подготовка на посетата на папата, изјави министерот за надворешни работи Хозе Пачехо, во што се вклучени во поправката на катедралата во Мапуто и крпење на градските патишта.

Посетата на папата се случува еден месец откако владата на Мозамбик потпиша моровен договор со поранешните бунтовници од мозамбичкиот национален отпор (РЕНАМО), кои сега се главната опозициска партија. Граѓанската војна траеше 16 години и ја разурна земјата, а РЕНАМО се уште се нема целосно разоружено.

Во својата видеопорака папата Франциск ја нагласи потребата од „братското помирување во Мозамбик и цела Африка, што е единствената надеж за цврст и траен мир“.Во текот на посетата се очекува тој да го спомене и проблемот на екстремизмот во регионот, што во последните две години стана цел на џихадистите при што погинаа повеќе од 300 лица.

Втората етапа од турнејата е Мадагасакр , остров во Индискиот океан, што заедно со Мозамбик е една од најсиромашните земји на светот.

Маурициус, пак, мал остров источно од Мадагаскар, важи за  релативно просперитетен и стабилен остров, но е погоден од циклони и растечкото ниво на морето. Тој се разви со доаѓањето на повеќе различни етнички групи и има богата и различна култура и верска традиција. Во Маурициус живеат околу 50 отсто индуси, а има и значително христијанско малцинство што сочинува 30 отсто од населението, од кои повеќето се католици.

ФОТО: EPA / ETTORE FERRARI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...