Фитосанитарната инспекција на терминалот во Кавадарци почнува со работа во две смени, одлучи Државниот инспекторат за земјоделство.
Одлуката е донесена како одговор на барањата на бизнис заедницата за овозможување брз и непречен извоз на земјоделски производи, а во овој период е особено важна за извозот на грозјето.
Согласно одлуката, првата смена на инспекцијата ќе биде од 08 до 16 часот, од 18 до 24 часот втора смена, а во сабота и недела фитосанитарната инспекција ќе работи од 19 до 24 часот.
– Воведувањето на сменското работење на терминалот Кавадарци е уште еден показател за политиките на МЗШВ во делот на создавање поволни услови за бизнис заедницата и ќе значи надминување на административните бариери со кои се соочуваат правните субјекти кои извезуваат грозје – напиша министерот за земјоделство, Трајан Димковски на својот фејсбук профил.