Кина: Нападите врз Сирија се кршење на меѓународното право

161

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека верува оти политички договор е единствената опција за решавање на сириското прашање и повика на целосна фер и објактивна истрага за наводните хемиски напади во Сирија.

– Кина постојано се спротиставува на употребата на сила во меѓународните односи. Воена акција која ги заобиколува Советот за безбедност на ОН, ги крши принципите и основните норми на меѓуанродното правом – изјави портпаролка на Министерството, Хуа Чунјунг. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...