„Окружието на Конески“, нова книга од Димитар Пандев

89

Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја објави книгата „Окружието на Конески“ од Димитар Пандев.

Како што информира Фондацијата „Небрегово“, во книгата Конески е претставен во редот на македонските константи на XX век, Крсте Мисирков и Кочо Рацин, меѓу светската лингвистика и славистика.

Преку македонските културни акции, како што се наведува, Конески имал главен збор во кодификацијата на македонскиот јазик, основањето на универзитетот, како и меѓу неговите најблиски соработници од областа на македонистиката, и пошироко, од македонската литература и културна историја.

„Окружието на Конески“ е работена на фонот на целокупното дело на Конески, на фонот на литературата за Конески, како и на македонистиката и општата лингвистика која кореспондира со творештвото за Конески.

Промоцијата на книгата ќе се одржи на шести септември во 12 часот во Спомен-домот „Блаже Конески“ во Небрегово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...