Општините имаат на располагање 10,8 милиони евра за социјални проекти

Од Министерството ги повикуваат општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

122

Вкупно 10,8 милиони евра се ставени на располагање на општините во државава за развој на социјални услуги на локално ниво за следните пет години, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството ги повикуваат општините да пројават интерес и да аплицираат за грантови наменети за непосредна социјална услуга, помош на индивидуа или семејство, домашна нега, лична асистенција, дневна нега, привремена грижа, мали групни домови, дневни центри и услуги за живеење со поддршка и други иновативни услуги во заедницата.

Со „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ МТСП го развива и подобрува квалитетот на социјалните услуги во локалните заедници, според потребите на граѓаните и пристапот до социјалните услуги наменети за ранливите групи на граѓани, постарите лица, лицата со попреченост и други лица. Целта е овие сервиси да ги развиваат локалните самоуправи или во партнерство со други даватели на услуги. Средствата од грантот ќе бидат наменети за воспоставување на услугата и финансирање на услугата по корисник по утврдена цена на услугата во наредните 12 месеци, информираат од Министерството.

Во рамките на проектот, како што се посочува, обезбедена е техничка помош за општините за проценка на потребите и побарувањата за социјални услуги на локално ниво во периодот додека трае повикот за изразување на интерес. На општините кои ќе изразат интерес за добивање грант за развој на социјални услуги, ќе им се обезбеди директна поддршка за подготовка на документите за апликација, вклучувајќи ги и предлог-проектите од страна на експерт ангажиран во рамките проектот.

Повикот е веќе објавен во два дневни весника и на веб страницата на Министерството за труд и социјална плитика www.mtsp.gov.mk (проект за подобрување на социјалните услуги), каде го има и формуларот за пројавување интерес. Крајниот рок за изразување интерес за добивање на грантовите е 31 октомври, наведуваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...