Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна

51

Повеќе од 15 илјади луѓе се евакуирани во Хановер во Германија поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг.

Германските медиуми посочуваат дека поради бомбата тешка 500 килограми, пронајдена вчера попладне на едно градилиште, биле евакуирани 15.200 лица. Во таа област во прекин е и сообраќајот на подземната железница.

Поради бомбата и евакуацијата откажан е и концертот на британскиот музичар Роџер Хоџсон.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...