Џонсон: Можен е договор за Брегзит, не сакам избори

202
ФОТО: EPA / NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денеска дека шансите за договор за Брегзит со Брисел се „зголемуваат“, но ја отфрли можноста за какво било одложување на рокот – 31 октомври за Велика Британија да ја напушти Европската унија доколку не се постигне договор.

Џонсон исто така рече дека не сака избори и ги повика „бунтовниците“ конзервативци пратеници да не ги поткопаат неговите преговори со Брисел со гласање на опозицијата за нацрт-закон што може да го натера да го одложи Брегзит.

Пратениците планираат да се обидат да го искористат парламентарното време в среда за усвојување законски акти што ќе го присилат Џонсон да побара продолжување на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, што во моментот треба да се случи на 31 октомври.

– Ако тие гласаат за одложување … ќе направат какви било натамошни преговори да бидат апсолутно невозможни. Не сакам избори. Вие не сакате избори. Ајде да започнеме со агендата на луѓето – рече Џонсон во изјавата пред Кабинетот на Даунинг стрит.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...