НАСА го покажа ураганот Доријан од вселената ВИДЕО

Бурата вечерва треба да ги зафати источните брегови на САД. Службите распоредени во крајбрежните делови на севрозападна Флорида, Џорџија, Јужна и Северна Каролина, информираат дека се подготвени.

734

Американската вселенска агенција (НАСА) објави видео снимки од разурнувачкиот ураган Доријан кој ги погоди Бахамските Острови.

Снимките, направени од Меѓународната вселенска станица, покажуваат како ураганот се движи над Атлантикот мошне споро во правец на Флорида. Брзината на ветеровите со западен правец изнесува речиси 290 километри на час – рекорд што досега не бил регистриран во тој регион. Поради тоа, ураганот е означен како петта категорија, или најсилно ниво на моќност.

Разурнувачкиот ураган предизвика огромни штети на Бахамите, соопшти Црвениот крст.

Според организацијата, 13.000 домови се оштетени или целосно уништени. Најмалку 1.054 летови беа откажани во САД поради доаѓањето на ураганот.

Иако сè уште немаат целосна претстава за тоа што се случи, Меѓународната федерација за вонредни операции на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Женева го класифицираат дејството на ураганот како „катастрофално“ и предвидуваат големи потреби за засолништа, чиста вода и лекарска помош…

Со ветер од 295 километри на час, Доријан стигна до островите Абакос, на северозападниот дел од Бахамите, како најсилна бура што некогаш ги погодила Карибите.

Југоисточните американски држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина им наредија на жителите од крајбрежјето да се евакуираат. Масовното иселување опфати стотици илјади луѓе.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно објави вонредна состојба во тој дел на САД. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...