Заев: Ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза

„Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните“, напиша премиерот Заев.

227

Подготовката на ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза и ќе даде поддршка на капиталните проекти и на новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните, објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по средбата со новата министерка за финансии Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези.

„Драго ми е што се зголемува и бројот на жени во Владата. Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава. Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните“, напиша премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...