Кој е милионерот, инстаграм ѕвезда и сериски претприемач, говорник на Економскиот форум во Давос кој доаѓа во Македонија на 13 септември? Еван Лутра, основач на Стартап Студио, инвеститор во над 50 компании од различни области, познат по екстравангантниот животен стил, доаѓа во Скопје на 13 септември како гостин спикер на Балканскиот претпримачки самит.
На покана на центарот за неформално образование Creative Hub и Стопанската комора на Македонија, Еван ќе биде гостин спикер на годинешниот Балкански претприемачки самит кој ќе се одржи на 13 септември 2019 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.
Кога Еван имал само 12 години татко му имал голем неуспех со кол-центарот и ја довел фамилијата до банкрот. По тој неуспех на Еван му останале 200 компјутери кои ги искористил за да научи како функционира компјутерскиот систем. Еван е еден од првите кои започнале со развој на мобилни апликации. Меѓу апликациите се вбројуваат „Wiwigo“ – индискиот Убер стартап, „Givvr“ и други. Првиот милион го има заработено токму преку првата апликација на App store. Сопственик е на Стартап Студио, акредитиран инвестирот на Ангеллист, и ЕЛ Интернатионал Груп, а честопати е гостин на бројни конференции како и почесен докторант.
Во 2016 година, Еван додели 200.000 евра инвестициски капитал на победникот на Бугарскиот претпремачки настан „Webit”.
Стартап компании подгответе се за претставување !
Балканскиот претприемачки самит претставува настан кој има за цел на едно место да ги обедини бизнисмените од регионот се со цел да ги поврзе во меѓусебна соработка која во иднина ќе отвори нови можности за сите. Преку искусни говорници од различни индустрии гостите ќе имаат можност да слушнат за инвестициски трендови, трендови во дигиталниот маркетинг, искуства на едни од најуспешните балкански бизнисмени, луѓе кои развиваат технологии на иднината и иновативни решенија во индустриите.
Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на следниот линк.