Чешкиот премиер нема да одговара за злоупотреби на европски донации

Државниот обвинител Јарослав Шарох го одби предлогот на полицијата, по тригодишна истрага, обвинението да се препрати до судот, неофицијално дознава чешкиот весник „ДенјикН“.

46

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и неговото семејство нема да мораат да одговараат пред суд за злоупотреба на два милиона евра европски донации.

Злоупотребените пари биле за семејната фирма „Родино гнездо“.

Државниот обвинител Јарослав Шарох го одби предлогот на полицијата, по тригодишна истрага, обвинението да се препрати до судот, неофицијално дознава чешкиот весник „ДенјикН“.

Одлуката на обвинителот за откажување од кривично гонење на премиерот сега мора да ја потврди и раководството на Градскиот државен обвинител во Прага. Таму, сепак, постои минимална шанса  да се преиначи одлуката на обвинителот и предметот или да се врати во полицијата на доработка или обвинението да се испрати до судот.

Истрагата досега утврдуваше дали премиерот Бабиш, вториот најбогат тајкун во Чешка, ги злоупотребил европските фондови кога неговата фирма „Родино гнездо“ во 2007 година се издвоила од неговиот концерн „Афроферт“,  за фирмата да добие дотации за малите претпријатија, што во рамки на неговиот агро и хемиски концерт не би можела. По контролниот период од пет гпдини фирмата се вратила во „Агроферт“.

Покрај Бабиш обвинети се уште пет лица, меѓу кои и неговата сопруга Моника, нејзиниот брат  и ќерката на Бабиш од првиот брак, додека истрагата за синот од првиот брак е издвоена, бидејќи Андреј Бабиш помладиот се брани дека е душевно болен. Во времето кога истрагата беше отворена тој престојувал на Крим, па чешката полиција не можеше да дојде до него.

И Европската служба за сузбивање измами – ОЛАФ во 2о16 година отвори истрага за овој случај и тогаш констатира дека барањата за дотации биле лажни. Бидејќи, најверојатно, се прекршени одредбите од Кривичниот законик на Чешка, ОЛАФ побара земјата оваа дотација да ја изземе од европските проекти, а „Агроферт“ споменатите два милиона евра дури лани ги врати во ЕУ фондовите.

-Тоа е само афера што ја направија медиумите. Тоа е целосна небулоза, нема никаква измама, нити пак можело да има. Се надевам, дека правосудството ќе одлучи во моја корист, и дури тогаш ќе верувам дека кај на постои правда, изјави во неделата премиерот Бабиш за ТВ „Прима“.

Тој нагласи дека и да почне да одговара пред судот не планира да поднесе оставка на функцијата бидејќи, како што кажа, „правдата е на моја страна“, а „свињарија е тоа што во целата афера го вовлекоа и моето семејсњтво“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...