Папата 25 минути заглавил во лифт

430

Папата Фрaнциск се извини што доцнеше на неделната миса на плоштадот „Свети Петар“, затоа што се заглавил во лифт во Ватикан.

– Морам да се извинам што доцнам – рече насмеан Папата,

Папата изјави дека 25 минути денеска бил заглавен во еден од ватиканските лифтови поради прекин на електрична енергија, поради што морале да интервенираат пожарникарите.

82-годишниот Папа побара од верниците да ракоплескаат за пожарникарите кои пристигнале за да го спасат.

 

а потоа побара од верниците  да дадат аплауз за пожарникарите, прнесе ББС.

Обраќајќи се пред толпата, папата рече дека снемало струја и лифтот запрел. Пожарникарите дошле веднаш, но им требале 25 минути да ја отворат вратата и да го ослободат Папата.

Телевизиските мрежи во Италија кои ја пренесуваа во живо молитвата претпоставуваа дека доцнењето на Папата  можеби е поради здравствени причини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...