Германскиот и полскиот претседател на комеморација по повод 80-годишнината од почетокот на Втората светска војна

85

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер и неговиот полски колега Анджеј Дуда ја отворија денешната комеморација по повод 80-годишнината од почетокот на Втора светска војна.

Церемонијата почна во полскиот град Вилун утрово во четири часот и 40 минути, кога првите нацистички бомби паднаа на Полска и загинаа првите цивили.

По едноминутното молчење, Дуда му се заблагодари на Штајнмајер за неговото присуство.

Подоцна, премиерот на Полска, Матеуш Моравијецки и европскиот претставник Франс Тимерманс ја одбележаа годишнината на полуостровот Вестерплате, каде се случи првата битка од Втората светска војна.

На главниот настан во Варшава ќе присуствува германската канцеларка Ангела Меркел, потпретседателот на САД, Мајк Пенс и други.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја откажа посетата на Варшава поради ураганот Дориан кој се приближува кон Флорида, Џорџија, Јужна и Северна Каролина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...