Пукање во Тексас: Петмина загинати, 20 ранети ВИДЕО

624

Напаѓачот што синоќа усмрти најмалку пет лица во вооружен инцидент во Одеса, Тексас е убиен во судир со полицијата.

Во инцидентот повредени се околу 20 лица, но за сега не е позната нивната здравствена состојба.

Поголемиот број од повредените се цивили, а меѓу нив и едно дете. Повредените се и двајца полицајци кои се обиделе да го запрат возилото на напаѓачот.

Мажот, чиј идентитет не се открива почнал да пука откако полицијата се обидела да го запре поради вртење без трепкач.

Се уште не е познат и мотивот за нападот.

Пред четири недели во градот Ел Пасо, Тексас вооружен маж уби 22 луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...