Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот

„Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции“, се наведува во соопштението на Стејт департментот. 

772

Заменик помошникот државен секретар Метју Палмер е новиот специјален претставник на САД за Балканот, соопшти синоќа Стејт департментот.

Палмер на 1 септември ќе учествува во работата на Стратешкиот форум на Блед, а потоа ќе ги претставува САД на состаниците на четворката во Брисел и во Подгорица.

„Палмер ќе ги предводи нашите настојувања да ги зајакнеме дипломатските напори на САД во поддршката на мирот, стабилноста и напредокот на регионот и ќе се насочи на интеграцијата на државите од Западен Бaлкан во западните институции“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...