Обвинителката за борба со корупција, надлежна за случајот со фармацевската компанија „Новартис“, го стави во архива обвинението против гувернерот на грчката банка, Јанис Стурнарас, за негова наводна вмешаност, објавија грчките медиуми.
Паралелно, според истите информации, во парламентот бил доставен предметот поврзан со поранешниот министер за здравство, а сега пратеник од Движењето на промена, Андреас Ловердос, за да се одобри дозвола за да се гони за поткуп.
Освен за Јанис Стурнарас, надлежната обвинителка за случајот „Новартис“, до сега, ги прекина истрагите и ги архивираше предметите поврзани со уште шест грчки политичари за нивна наводна вмешаност, меѓу кои и поранешните премиери Андонис Самарас и Панајотис Пикраменос, како и за поранешниот лидер на ПАСОК и министер, Евангелос Венизелос, јави дописничката на МИА од Атина.