Во вториот квартал во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 1,9 отсто, за материјали се пониски за 0,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 7,9 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во однос на вториот квартал лани трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,1 отсто, за материјали се пониски за 0,5 отсто, а зголемување за 12,2 отсто има кај трошоците за трошоците за вработените.