Народна банка ја измени Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци на потрошувачки кредити во која се вклучени и одредбите Законот за потрошувачи со кои се ограничува висината на вкупните трошоци за кредитот.
Според одлуката, давателите на потрошувачки кредити ( банки, други трговски друштва и трговец поединец кои одобруваат потрошувачки кредит) во пресметката на стапката на вкупните трошоци ќе треба да ги вклучуваат сите категории трошоци што ги плаќа корисникот на кредитот и за кои со Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити не е предвидено да не бидат опфатени со оваа пресметка.
Во овие тошоци влегуваат трошоците за камати, провизии, даноци, други надоместоци како и дополнителните трошоци поврзани со потрошувачкиот кредит во кои велгуваат и премиите за осигурување на кредитот.
Членот 20 од Законот за потрошувачи предвидува висината на годишната стапка на вкупните трошоци да се ограничи на најмногу пет пати повисоко ниво од стапката на законската казнена камата утврдена согласно со Законот за облигационите односи за договорите во кои барем едното лице не е трговец.
Повод за ваквото ограничување на годишната стапка на трошоци беа брзите кредити под 200 евра и таканаречените спирални трошоци кои им прсвеа проблем на граѓаните кои не успеваа да ги орплатат ратите.
Измената на методологијата, велат од Народната банка, се очекува да се обезбеди поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити, а на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци коишто ќе ги имаат на годишно ниво, што ќе им обезбеди и поголема заштита.