Шкотскиот суд го отфрли обидот да се спречи суспендирање на британскиот Парламент

150

Судот во Единбург денеска одби да го спречи британскиот премиер Борис Џонсон да го суспендира Парламентот на неколку недели во периодот пред датумот на излегување на Велика Британија од ЕУ на 31 октомври, со што пропадна првиот предизвик на одлуката на премиерот за суспензија на Парламентот.

Одлуката на највисокиот шкотски граѓански суд претставува удар за група пратеници од неколку партии кои бараат да се продолжи периодот за парламентарна расправа за да се спречи хаотичен распад меѓу Велика Британија и Европската унија.

Во тек се уште две правни постапки во однос на ова прашање, од кои едната е во Северна Ирска, а втората во Лондон.

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор бара да се приклучи на постапката во Лондон и да изнесе аргументи против суспендирањето на Парламентот.

Мејџор денеска рече дека бара правна дозвола за да се приклучи на случајот што го покрена активистката Џина Милер со намера да го спречи Борис Џонсон да го суспендира Парламентот на неколку недели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...