Москва го обвинува Лондон, Трамп засега само нишани кон Сирија

САД и Русија изнесуваат различни обвинувања за тоа кој користел хемиско оружје во десетгодишниот воен судир во оваа земја.

535
EPA/FAROOQ KHAN

Постои опасност од „тотална воена ескалација“ во Сирија, предупреди Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Тој ги повика членовите на Советот за безбедност на ОН „да дејствуваат на одговорен начин во вакви опасни околности“.

Сѐ поголеми тензии и неспособноста да се најде компромис за механизам за истрага се закана да се случи целосна воена ескалација изјави тој на состанок на СБ, побаран од Русија.

Студената војна се врати, но има една разлика – механизмите кои го регулираа ризикот од ескалација во минатото веќе ги нема, нагласи Гутереш.

Рускиот постојан претставник во ОН, Василиј Небензја, ги обвини САД, Франција и Велика Британија дека ги интересира само да се урне сириската влада.

Дополнително, руското Министерство за одбрана соопшти денеска дека има докази дека Велика Британија е вмешана во организирање на наводниот хемиски напад во сирискиот град Дума во минатиот викенд.

– Имаме доказ кој покажува дека Британија директно е вмешана во организирање на таа провокација во источна Гута изјави портпарол на МО на Русија.

Тој рече дека министерството пронашло луѓе кои учествувале во снимањето на хемискиот напад во Дума и дека укажале како е напраена снимката. Според него, Лондон во периодот од 3 до 6 април вршел притисок врз претставници на Белите шлемови да побрзаат со извршување на планираната провокација.

Амбасадорката на САД во ОН, Ники Хејли, изјави денеска дека американскиот претседател Доналд Трамп сѐ уште не донел одлука за можна акција во Сирија.

Таа нагласи дека силите на сирискиот претседател Башар Асад најмалку 50 пати користеле хемиско оружје за време на седумгодишната војна во државата.

– Нашиот претседател сз уште не донел одлука за можна акција во Сирија. Но, доколку САД и нашите сојузници одлучат да дејствуваат во Сирија тоа ќе биде во одбрана на принципите за кои сите сме согласни, изјави таа на вонредната седница на СБ на ОН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...