Управата за јавни приходи (УЈП) ги доставила налозите за финансиска контрола на четири фирми кои биле поврзани со случајот „Рекет“ кој го отвори одделението за гонење на организиран криминал и висока корупција.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска во интервју за ТВ21 вели дека истражителите се во фирмите и се проверува дали имало затајување на данок.
Таа вели дека според првичните наоди, финансиската истрага ќе се проширува и на други компании и лица.