Владата планира да воведе мерка со која ќе го субвенционира зголемувањето на платите на работниците во државава. Мерката ќе важи за секое зголемување на платите во нето износ до сто евра, за што придонесите ќе ги плаќа државата, објави 360 Степени.
Планот бил мерката да почне да се применува од први октомври оваа година. Конкретно, ако работник зема плата во нето износ од дваесет илјади денари и работодавецот одлучи да му ја зголеми за пет илјади денари нето, придонесите за пензиско, здравствено и социјално осигурување за зголемувањето од пет илјади денари ќе ги плати државата. Работодавецот ќе плати само персонален данок на зголемувањето од пет илјади денари.