Балкански бизнисмени и сериски претприемачи доаѓаат во Скопје

229

Скопје ќе биде домаќин на првиот Балкански претприемачки самит кој ќе се одржи на 13 септември 2019 година во хотел „Хилтон“, во организација на центарот за неформално образование Creative Hub кој годинава се најде на листата на Форбс и Стопанската комора на Македонија, најстарата и најбројна бизнис асоцијација во државата.

Над 250 учесници на Самитот ќе имаат прилика да учествуваат на панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници како: Васил Наци, основач и претседател на Агна Груп со нет ворт над 500 милиони долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на Диор, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум вентурес и многу други.

Во фокус на Самитот ќе биде пренесувањето на искуствата од Балканските претприемачи и овогодинешните Форбс 30 под 30 (Forbes 30 under 30) од Грција, Турција, Бугарија и Северна Македонија, со вклучување на Владата на Република Северна Македонија и Стопанската Комора на Македонија за создавање на еден бизнис екосистем.

Присутните ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за алтернативни начини на финансирање на бизнис секторот, преку вентуре инвестициски фирмки, Европскиот инвестициски фонд и слично.

“Што нé очекува во иднината во најголемите индустрии” е панел кој ќе се осврне на иновациите што не очекуваат во најголемите индустрии во земјата како телекомуникации, технологија, зелена енергија, фармацевска индустрија.

Најголемиот предизвик со кој се соочуваат компаниите на Балканот е неспорно предизвикот од недостаток на работна сила, а токму последниот панел ќе понуди решенија на ова прашање.

Повеќе информации за Самитот, како и за начинот на регистрирање можете да најдете на следниот линк.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...