Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од своите советници за национална безбедност да разгледаат запирање на воената помош за Украина, соопшти синоќа изданието „Политико“, повикувајќи се на високи официјални лица во администрацијата.
Станува збор за 250 милиони долари воена помош за вооружување, обука, опрема и разузнавачка поддршка кои треба да бидат исплатени во 2019 година.
Се дознава дека Трамп ја донел одлуката за да се увери дека парите „максимално се користат во интересите на САД“. Проценката на воената помош за Украина ја прават, меѓудругите, министерот за одбрана Марк Еспер и Џон Болтон, советник на Трамп за национална безбедност.
Како што се истакнува, сумата за воена помош на Украина сега е замрзната и додека се прават проценките парите не можат да се трошат. Инаку, рокот за тренсфер на помошта истекува на 30 септември.
Претставници од комитетите за буџетски расходи и за воружени сили при Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изразија загриженост поради задршката на помошта за Украина и бараат објаснување од администрацијата, дознава „Политико“
ФОТО: EPA/ IAN LANGSDON / POOL